|
ЗА НАС -На 08.06.2001 од с.Арачиново насилно беа протерани 650 Македонци
-Времено беа сместени во 6 колективи центри (интернати) во Скопје, и добија статут на внатрешно раселени лица.
-Во август 2001 беше формирано здружението ЗОРА за организирање на самопомош, трајно решавање на проблемот и запознавање на домашната и странската јавност за етничкото чистење во регионот.
-На 13.06.2003 во Основен Суд 1 поведовме судска постапка за надомест на материјална и нематеријала штета настаната како резултат на конфликтот во 2001. На тужбата има 80 семејства или околу 320 тужители. Постапката сеуште трае.
-Во април 2003 се обративме во Европскиот суд во Стразбур каде ни е отворено досие со број 12994/03, каде што ја тужиме државата.
СТАТИСТИКА -По кнфликтот во Арачиново намерно беа опожарени 22 во куќи сопственост на Македонци.
-Во текот на изминатите 6 години починаа 33 раселени лица, кои се погребани надвор од Арачиново. Морталитетот е зголемен за 600% во однос на морталитетот пред конфликтот.
-Бројот на жители во с.Арачиново според Еколошко Друштво „ОПСТАНОК“
На пописот во 2002 год. во Арачиново има 14 000 Албанци и 15 вратени Македонци.
-Според извештајот од анализата на водата и почвата на неколку места од Арачиново направено во централната лабораторија на Министерството за животна средина со број 14/62 од 01.04.2003 год. констатирано е дека има зголемено присуство на бакар, жива, олово и кадмиум што е случај само во индустриски зони (во Арачиново нема индустрија).
-Од страна на Европската Агенција за Реконстукција во Арачиново се реконструирани 80 куќи на Македонци од вкупно 176. Дел од реконструираните куќи се повторно вандализирани а поголемиот дел се продадени.
-После конфликтот па до денес се продадени над 70% од куќите на Македонците по многу ниски цени, како резултат на лошата безбедносна состојба. Цената на 1 м2 земјиште се спушти на 1 евро.
-Двете акции организирани од Меѓународната Заедница за собирање на нелегалното оружје во Арачиново беа неуспешни.
-После конфликтот беа оштетени неколку надгробни споменици како и црквата св.Талалеј. |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||