![]() |
|
|
Здружението „ЗОРА“ на седница одржана на ден 15.07.2001 донесе С Т А Т У Т
ОПШТИ ОДРЕДБИ
член 1
Со Статутот на Здружението се уредуваат:
член 2
Здружението е доброволна невладина и непрофитабилна организација за помош на протераните Македонци од Арачиново.
член 3
Здружението не може да врши политички активности или да користи свој имот и средства за остварување на цели на политички партии. член 4
Програмата и дејствување на здружението не можат да бидат насиочени
против: член 5 Здружението е самостојна во организирање и остварување на своите цели, интереси и активности утврдени сo Статут. Здружението своите права, должности и одговорности ги остварува согласно Уставот, Законите и овој Статут. ИМЕ И СЕДИШТЕ член 7 Името на организацијата гласи: „Здружена организација на растераните од Арачиново“ , во понатамошниот текст „ЗОРА“ . член 8 Седиштето на Здружението е во Скопје на ул. Петар Георгиев бб, МЗ Автокоманда. член 9 Здружението
има свој печат и штембил.
ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ
член 10 Јавноста во работата на организацијата се обезбедува на тој начин што по потреба организацијата издава званични соопштенија за јавностa.
ВНАТРЕШНА ОРГАНИЗАЦИЈА
член 11 Највисок орган
на Здружението е Собранието на организацијата и го сочинуваат
сите членови од основачкото собрание, кое се одржува најмалку
еднаш годишно.
член 12
Собранието на
организацијата го свикува претседателот на организацијата
најмалку еднаш годишно. Свикувањето се врши 30 дена однапред до
доставување на потребните писмени материјали за точките од
дневниот ред на Собранието. член 13
член 14 Статутот неговото изменување и дополнување како и одлуката за престанок на здружението се донесува со двотретинско мнозинство. член 15 Одлуките на собранието се донесуваат со јавно гласање, а за определени прашања може да се одлучува и со тајно гласање секој член на собранието има право на по еден глас. член 16 Здружението ќе соработува со организации, здруженија и сојузи со слична активност во Р. Македонија член 17 Управниот одбор го избира Собранието на Здружението за време од 3 години со право на повторен избор, а се состои од Претседател и 3 члена член 18 Управниот одбор ги врши следните работи:
член 19 Одредбите предвидени за начинот за одлучување на Собранието се применуваат и за начинот на одлучувањер на Управниот одбор
член 20
Здружението има
свој Претседател и Заменик Претседател кој ги избира Собранието со
мандат од 3 години со право на уште еден мандат. член 21 Претседателот ги има следните обврски:
Во случај на
отсутност на Претседателот, Заменикот Претседател ги има истите права
и обврски. член 22 Надзорниот одбор го избира Собранието на организацијата за време од 3 години со право на повторен избор, а се состои од 3 члена. член 23 Надзорниот одбор ги разгледува периодичните пресметки за извршување на финансискиот план и завршната сметка на собранието за секоја година, врши контрола на финансиско-материјално работење, ја оценува законитоста за наменско трошење на средствата и предлага соодветни мерки и решенија пред Управниот одбор и Собранието на организацијата. член 24 Надзорниот одбор по
потреба присуствува на седниците на Управниот одбор и на Собранието. член 25 Управниот одбор избира благајник на организацијата. член 26 Благајникот на здружението го води целокупното благајничко работење за потребите на организацијата со претходно одобрение Претседателот и Заменикот Претседател на организацијата за што сочинува периодични и годишни финансови извештаи кои ги доставува до Управниот одбор и Собранието. член 27 Своите приходи, Здружението ги стекнува од прилози, подароци од физички и правни лица, од државата, други институции, фондации , спонзорства и сл., а пристигаат на жиро или девизна сметка. член 28 Со средствата располага Управниот одбор на „ЗОРА“.
ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
член 29 Измените и дополнувањата на овој Статут се вршат по иста постапка како и при неговото донесување, се донесуваат со двoтретинско мнозинство од вкупниот број на основачкото Собрание. член 30
* Здружението се основа на неопределено
време
* Здружението може да престане ако така одлучи основачкото Собрание со дветретинско мнозинство * Ако Уставниот Суд на Р. Македонија донесе таква одлука * Ако се утврди дека здружението престнало со работа * Во други случаи предвидени со Закон член 31 Здружението престанува и :
* Ако работи спротивно на одредбите
од член 3 и 4 од Законот за здруженија на граѓани и фондации
* Ако работењето не е во согласност со Статутот член 32
* За своите обврски сторени во
правниот промет со трети лица, Здружението одговара со сиот свој
имот, права и средства
* Основачите не одговараат со својот имот за обврските што ќе ги стори Здружението со својата работа * Во случај на престанок на работа на Здружението, стекнатите средства се пренесуваат во сопственост на МПЦ. член 33 За толкување на одредбите на овој Статут надлежно е основачкото Собрание. член 34 Органите на Здружението за својата работа се одговорни пред Собранието. член 35 Овој Статут влегува во сила на денот на неговото донесување. |
|
|